Завршниот промотивен настан се одржа на 02.12.2024 година (понеделник) во 12:00 часот, на објектот Дом за стари лица Др. Иван Влашки Берово.

Проектот е финансиран во рамки на Договорот за реализација на инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – II фаза”, финансиран преку Министерство за локална самоуправа, Швајцарска агенција за развој и соработка и ко-финансиран од Општина Берово.

„Имплементацијата на овој проект е од исклучително значење за Источниот регион кој старее, што го покажуваат и официјалните статистики. Процентот на возрасното населението е високо над државниот просек, па за регионот се неопходни ваков тип на објекти кои ќе пружаат соодветни услови за престој на возрасните лица, соодветна грижа, медицинска нега, социјална инклузија. Ова всушност е втора фаза за подобрување на условите во Домот од проектот кој беше избран за приоритетен на форумските сесии. Овој проект е и пример за успешна соработка помеѓу централната и локалната власт кои со поддршка на странскиот донатор овозможија Домот „Д-р Иван Влашки“ да добие услови за престој по сите стандарди.“

Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, создадовме услови за дополнителни 28 места за сместување, извршено е и хортикултурно уредување на просторот, набавен е потребниот мебел, имплементиран е централен систем за греење – котлара и вентилација.

Подобрувањето и унапредувањето на квалитетот на живот на старите лица, здравјето  и психофизичката состојба, како начин на подобрување на системот на социјална заштита на старите лица во источниот регион и  транспарентност. Цел на обој проект е подобрување на квалитетот на активното живеење на постарите лица, бидејќи се зголемува процентот на стари лица.