Технолошко Индустриски Развојни Зони


Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) е слободна зона од аспект на даночните закони во Република Македонија. Секое домашно или странско физичко или правно лице - корисник на ТИРЗ може да ги користи даночни поволности преку инвестирање во зоната.

ТИРЗ-Штип е со вкупна површина од 208 хектари се наоѓа северо-западно од градот Штип, на влезот од градот од правец на Скопје. ТИРЗ Штип има патна поврзаност со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5, а се најавува дека ќе биде поврзана и со планираниот карго аеродром во Штип преку магистралниот пат М6. На 2,5 километри се наоѓа железничката станица, а најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики во Скопје на 75 километри, додека Солунското пристаниште е оддалечено 225 км.


Мапа на ТИРЗ Штип




ТИРЗ-Виница со вкупно површина од 21,04ha со намена: Г2, Г3, Г4 - лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта;


Мапа на ТИРЗ Виница




ТИРЗ-Делчево развојна зона „Делчево“ КО Делчево


Мапа на ТИРЗ Виница






ТИРЗ-Шушлевец се протега на површина од 17,38 ha на патот Берово-Струмица. Согласно државната планска документација за ТИРЗ Берово, Министерството за транспорт и врски и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се започна со реализација на проектот „Технолошко индустриска развојна зона – Берово“. Местоположбата на ТИРЗ Берово е на м.в. „Шушлевец“, непосредно до Зоната за мало стопанство и лесна индустрија согласно генералниот урбанистички план на Општина Берово. ТИРЗ-Берово опфаќа површина од 15,5 хектари во близина на регионалниот пат Берово-Струмица.




Мапа на ТИРЗ Штип