Слободни зони за инвестирање


Источниот плански регион на Р. Македонија поседува одличен потенцијал за инвестирање. Брои вкупно 4 технолошко индустриски развојни зони, 21 слободни индустриски зони за инвестирање и 25 локации за инвестирање.

1. Индустриската зона „Запад“
Индустриската зона „Запад“ - се протега западно од магистралниот пат Скопје-Штип, има урбанизирано 15 парцели со вкупна површина од 30,7 ha. Од нив, недоделени се три парцели со вкупна површина од 8,500 м2 со вкупна корисна површина од 3,300 м2.

2. Индустриска зона „Север"
Индустриска зона „Север" се наоѓа на магистралниот пат М-5 на одалеченост од 3 километри од централното градско подрачје. Индустриската зона Север располага со 15 уредени градежни парцели целосно покриени со електроенергетско напојување, патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Дел од овие градежни парцели се со изградени капацитети, дел се во фаза на изградба и три локации наменети за изградба на деловно стопански објекти се слободни.


1. Урбанистички план за Стопански комплекс БЛОК 2
Индустриската зона „Запад“ - се протега западно од магистралниот пат Скопје-Штип, има урбанизирано 15 парцели со вкупна површина од 30,7 ha. Од нив, недоделени се три парцели со вкупна површина од 8,500 м2 со вкупна корисна површина од 3,300 м2.

2. Урбанистички план вон населено место Таринци за Стопански комплекс во КО Таринци
Урбанистички план вон населено место Таринци за Стопански комплекс во КО Таринци, Општина Карбинци сместен покрај регионалниот пат Р601 (Штип-планина Плачковица) и пристапната улица за село Таринци. Покрај зоната поминува водоводна и канализациона мрежа и далекувод 10KV.

3. Урбанистички план вон населено место Таринци лоциран покрај локалниот пат село Таринци
Урбанистички план вон населено место Таринци лоциран покрај локалниот пат село Таринци - село Долни Балван. Покрај зоната поминува водоводна и канализациона мрежа и далекувод 10KV.


1. Зона за мало стопанство – Зрновци.


1. Индустриска зона Облешево
Лоцирана непосредно покрај магистралниот пат М5 на влезот во с.Облешево, кој Р. Македонија ја поврзува со Р. Бугарија, со површина од 8 ha. Индустриската зона е со намена Г2 - лесна незагадувачка индустрија.


2. Индустриска зона во Чешиново
Се наоѓа непосредно покрај магистралниот пат М5 на влезот во с.Чешиново, со површина од 16,35 ha. Индустриската зона е со Г2 намена - лесна незагадувачка индустрија. Повеќето индустриски капацитети кои постојат вршат преработка на житни култури (фабрики за ориз, фабрики за брашно), а работи и фабрика за конзервирање и компанија од областа на текстилна индустрија.


1. Урбан Блок (УБ) 2.1 со површина од 10,45 хектари, со вкупно 20 парцели од кои слободни се уште 10 парцели за продажба. Цената на парцелите за електронскот јавно наддавање е 1 ЕУР/ м2. Намена на парцелите е Г1 тешка и загадувачка индустрија и Г2 лесна и незагадувачка индустрија, со цена од 1 евро м2;



2. Урбан Блок (УБ) 12.1 со површина од 18,8 хектари со предвидени вкупно 45 парцели, од кои 6 се слободни со намена Г2 - лесна и незагадувачка идустрија и Г3 - сервиси. Цената на парцелите е 61.50 ден/м2 (1,00 ЕУР/м2).



3. Индустриски комплекс Неокази


1. Зона лесна индустрија и мало стопанство
Непосредно до патот Кочани-Штип, новосоздадена деловна зона – мало стопанство со површина од 38 ha.



2. Зона индустрија
Во источниот дел од градот покрај патот за Виница располагаме со локација со површина од 47,5 ha.



3. м.в Керамидница „Агро берза“
Локацијата е урбанизирана површина со димензии од 25 ha. Просторот е наменет за изградба на откупен центар за земјоделски производи, објекти за примарна и финална обработка на земјоделски производи и цвеќиња.


1. Индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија, стоваришта и сервиси
Локација: Каменички рид
Урбанистички парцели: 47



2. Индустриска зона за лесна индустрија и сервиси
Локација: Цинкара (во близина на бензинска пумпа Макпетрол)
Урбанистички парцели: 7




1. Блок „4“




1. Индустриска зона – Долни Бавчи




1. Индустриска зона „Подуово“



2. Индустриска зона „Грозил“


1. Индустриска зона за мало стопанство и лесна индустрија со површина од 10 хектари која се наоѓа на патот Берово-Смојмирово од левата страна.

2. Зона за мало стопанство и сервиси со површина 5 ha кај поранешна Исхрана-Берово.

3. Градска зона за мало стопанство 13 ha спроти објектот на поранешен „Огражден“- Берово.

4. Зона за лесна индустрија и призводство со површина од 10 ha кај фабриката „Алкалоид“ во Берово.