Во Источниот плански регион се лоцирани две хидро-електрични централи - Калиманци и Зрновци. Со изградба на хидро системот Злетовица создадени се услови за производство на електрична енергија преку планираните мали ХЕЦ на системот Злетовица, реката Брегалница и нејзините притоки: Оризарска, Зрновска и Кочанска река. Покрај ова идентификувани се неколку локации за изградба на мали хидроцентрали.
Значајна улога во обезбедувањето на електрична и топлинска енергија во Источниот плански регион можат да имаат и обновливите извори на енергија. Покрај хидроенергијата, тука можат да се вбројат соларната енергија, геотермалната енергија, биомасата и ветерната енергија. Поради природните предуслови, реионот има можност за користење на соларната енергија, ветерот и биомасата. Геотермалната енергија може да биде од исклучително значење за развивање на земјоделството во Источниот плански регион.
Во Кочанскиот регион пак постои можност за користење на геотермалната енергија за затоплување во зимскиот период и за загревање на раноградинарските земјоделски посеви под пластеници. Покрај економските ефекти, користењето на обновливите извори на енергија позитивно влијание и врз заштитата на животната околина во регионите.