Инвестирајте во источниот регион

ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Постапка за упис на Јавно Трговско Друштво

Јавно трговско друштво (ЈТД) е трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе физички и правни лица, кои на доверителите за обврските на друштвото им одговараат неограничено и солидарно со сиот свој имот.
• Јавно друштво се основа со договор за друштвото склучен меѓу основачите.
Влоговите на содружниците во јавното друштво можат да бидат различни.
• Содружникот може во јавното друштво да вложи пари, ствари, права, труд и услуги.
• Вредноста на непаричниот влог, содружниците спогодбено ја утврдуваат во пари.

Основањето на ЈТД се запишува во трговскиот регистар.

Опис на постапка

Обрасците за упис во треговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .
Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени соТарифата на ЦРМ.

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар. Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден. Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.
Обрасците за упис во трговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .
Упис на престанувањето на ЈТД во трговскиот регистар
1. Престанувањето на јавното друштво, сите содружници го пријавуваат за упис во трговскиот регистар, освен ако јавното друштво престане со стечај, односно врз основа на друга правосилна одлука на судот.
2. Ако јавното друштво престанува со одлука на судот, судот што ја донел одлуката по службена должност, ја доставува и до трговскиот регистар.