На 31-ви јануари, 2017 година, во салата на Советот на општина  Штип, се оддржа информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион, општините од Источен плански регион и останатите заинтересирани чинители на тема: Можности кои ги нуди новата  ИПАРД Програмата 2014-2020.

Логистичка поддршка за организација на овој информативен настан е Центарот за развој на Источен планси регион.

Целта на информативниот ден е  да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020.

На овој настан акцент се стави на две мерки:  “Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства” и “Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 и  ќе се разгледуваат прифатливи инвестиции ,критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување на барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година.

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, општини, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, земјоделски сектор, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Теми на настанот беа:

  • Инвестиции во физички средства наземјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020, прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување на барања за исплата;
  • Дискусија по мерката Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020 (разгледување на потенцијални инвестициски потреби, проблеми во комплетирање на барањата, најчести грешки);
  • Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси од ИПАРД Програмата 2014-2020, прифатливи инвестиции,критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување на барања за исплата  и
  • Дискусија по мерката Диверзификација на фармите и развој   на бизниси од ИПАРД Програмата 2014-2020 (разгледување на потенцијални инвестициски потреби, проблеми во комплетирање на барањата, најчести грешки)

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците одМинистерството за земјоделие, АПРЗ и Платежната агенција.

Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на информативни настани од различни области.Настанот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за земјоделие, АПРЗ и Платежната агенција, во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион.