На ден 21.12.2021 година (вторник), во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се оддржа информативен состанок на Националната платформа за женско претприемништво.

На состанокот присуствуваше  г-ѓа  Валентина Дисоска, менаџер на проектот и претседател на „Национална платформа за женско претприемништво“,г-ѓа Мими Шушлеска Петкова, координатор за градење на капацитети во НПЖП, г-ѓа Невенка Лонгурова Гирова, локален координатор и претставници од ЦРИПР.

Главната цел на  информативниот состанок е подетално запознавање со мисијата на проектот, неговите компоненти и цели на долгорочен план, како и заедничко планирање и иницијални технички подготовки за претстојни активности кои се стремиме да ги реализираме во блиска иднина благодарение на заедничката соработка.

Националната платформата за женско претприемништво, се воспоставува преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлегла од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Целта е институцијата која се води да може да даде значаен позитивен придонес во унапредување на женското претприемништво што ќе придонесе за економско и социјално јакнење на целокупното општество.