Советот за развој на Источен плански регион, на ден 18.12.2024 година, во општина Штип, ја одржа XIX (Деветнаесета) Седница.
Советот за нов директор на Центар за развој на Источен плански регион го избра Г-дин Трајче Здравков, со мандат од 4 (четири) години, сметано од 06.01.2025 година, со право на повторен избор.
На Седницата Советот ја обнови Согласноста за вработување / Известување за обезбедени финансиски средства.
На актуелниот директор на Центар за развој на Источен плански регион Г-ѓа Зујица Ангелова, Советот му утврди престанок на мандатот Директор на Центар за развој на Источен плански регион, заклучно со 05.01.2025 година, поради истек на мандатот за кој е избрана.
На Седницата Советот донесе и:
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Поплочување на улици во автентичен стил во населба Ново Село – II фаза“;
- Одлука за преотстапување на објекти „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион (Општина Штип, Карбинци, Кочани, Виница и Македонска Каменица)“;
- Одлука за усвојување на Финансиски план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2025 година за развој на Источен плански регион;
- Заклучок за усвојување на Информација за реализирани проекти и проекти во фаза на реализација на Центарот за развој на Источен плански регион 2023-2024 година со Предлог-Заклучок за усвојување;
Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2025 година