Покана за работилница во рамките на проектот: ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој ќе се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион
29-ти септември, 2017 година, х.Изгрев, Штип, 09:30 – 15:30 часот
Почитувани,
Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој ќе се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион. Во рамките на оваа активност за Источниот плански регион ќе биде изготвен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.
Ве покануваме да присуствувате на работилницата кој ќе се одржи на 29-ти септември, 2017 година во Х.Изгрев во Штип, со почеток во 09:30 часот. Заинтересираните претставници би ги претставиле своите резултати, би дале насоки, и би ги прегледале најважните прашања од регистарот.
Главна цел на проектот е да му овозможи на МЛС, како координатор и надгледувач на прашањата поврзани со децентрализацијата и локалното владеење, да ги унапреди понатамошните напори во промовирање на локално владеење насочено кон граѓанинот, започнувајќи од мерење на задоволството на граѓаните до предлагање на конкретни мерки за подобро учество на локално ниво и подобар пристап до услуги.
Проектните интервенции директно ги поддржуваат сите 8 плански региони во Р.М.
Развивањето на Регистрите на потенцијали за рурален туризам се реализира во рамки на проектната компонента која се однесува на развојот и поддршката на руралниот туризам за заживување на економскиот развој и изнаоѓање на нови начини за развој на руралните општини, како и враќање на населението во селата.
Целни групи се: претставници од општините, МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, занаетчии, трговци, членови на кластери, НВО, туристички агенции и водичи, хотелиери, асоцијации на фармери, земјоделци, ловџии и останати засегнати страни.
Бројот на учесници е ограничен поради што Ве молиме најдоцна до 28-ми септември до 12:00 часот да го потврдите Вашето присуство на bc.ipr@eastregion.mk и ivicamilevski@gmail.com.
За дополнителни информации контакт тел е: 070/602-266.
Агендата за настанот заедно со формулар за пријавување преземете ги од овој линк (кликнете тука).
Со почит,
Центар за развој на Источен плански регион
Раководител
Драгица Здравева