На 12-ти октомври 2023 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за јавна набавка на работи за: „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, општина Берово” финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и општина Берово, во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”.

Фирмата која го доби тендерот за јавна набавка на работи е „Игнација ФМ увоз-извоз ДООЕЛ Битола“ во вкупна вредност од 14.379.116,00 денари со вклучен ДДВ.
Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Воедно, Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за проектот  на ден 18-ти октомври 2023 година.

Изведувачот има рок од 6 месеци да ги заврши предвидените работи.

Источниот плански регион се грижи за најстарите жители преку проширување на постојните капацитети за нови 28 корисници на услугата институционална нега и грижа на стари лица.