Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, одржа работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за иновативен проект. Работилницата се одржа на ден 24.04.2019 година (среда) во Х. Изгрев со почеток од 11 часот.
Во првата фаза од работилницата, имаше идентификација на иновативна проектна идеја и развивање на проектниот концепт. За идентификација на проектната идеја, Центарот за развој на Источниот плански регион организираше работилница со вклучени релевантни регионални засегнати страни (бизнис секторот, академијата, граѓанското општество и индивидуални експерти).
Вкупниот фонд за Грантовата шема за поддршка за иновативни проекти во Источниот проект за 2019 година изнесува: 38.980 CHF, за еден проект кој треба да биде реализиран до крајот на годината.
Вид на проекти:
Инвестициски проекти – имаат компонента за работа и / или снабдување со опрема како предвидени трошоци за компонентата на работите (изградба, реконструкција, рехабилитација, реновирање и сл.) и или купување на опрема (Обуки, работилници, студиско патување и други мери кои би се прифатиле само како придружни активности). Трошоците за инвестициони активности треба да формираат најмалку 70% од вкупните прифатливи трошоци.