Источниот плански регион на ниво на држава претставува територијална целина која е во процес на туристички развој.

Следната табела дава преглед на основните податоци за туризмот во Источниот плански регион.

Бројот на туристички посети бележи континуиран пораст како од страна на домашните, така и од страна на странските туристи.


График 1: Преглед на бројот на домашни и странски туристи во Источен плански регион (Извор: Државен завод за статистика)


График 2: Преглед на ноќевања на туристи за Источен плански регион во 2013 година (Извор: Државен завод за статистика)

Источниот плански регион пројавува зголемување на капацитетите за сместување. Во 2012 година бројот на соби изнесува 599, за во 2014 година да изнесува 637. Паралелно со ова расте и бројот на легла во Источниот плански регион од 1.721 во 2012 година на 1.869 легла во 2014 година.