kocani кочани
општина кочани opstina kocani

Општина Кочани претставува развиен индустриско – земјоделски град во кој работат бројни индустриски капацитети. Повеќето капацитети кои се формирани пред осамостојувањето на Република Северна Македонија се лоцирани во индустриската зона со површина 47,5 ha, во источниот дел од градот покрај патот за Виница. Останатите капацитети создадени исклучиво од приватна иницијатива, се лоцирани на излезот од градот, непосредно до патот Кочани-Штип, каде е создадена нова деловна зона – мало стопанство со површина од 38 ha. Кочани лежи на најголемиот геотермален басен на Балканскиот полуостров. Кочанскиот геотермален регион, т.н. лежиште Подлог-Бања е верифицирано како едно од најголемите светски немагматски лежишта на геотермална вода со вкупни резерви од 150 милиони м3 и средна температура од 75 Целзиусови степени. На 20 км северно од Кочани, во прегратките на Осоговските Планини, на 1.580 м надморска височина, во предел со густа букова шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот локалитет Пониква, со повеќе сместувачки капацитети и спортски објекти.

Успешен пример за brownfield во оваа општина е инвестицијата на американска команија „Амфенол“ која се занимава со производство на кабли за автомобилската индустрија и антенски структури за базните станици за мобилна телефонија. Успешен пример за greenfield инвестиција е холандска компанија „Антура“ која се занимава со производство на семенски материјал и растенија.

Општина Кочани ви ги става на располагање следниве локации за инвестирање:

1. Зона лесна индустрија и мало стопанство
Непосредно до патот Кочани-Штип, новосоздадена деловна зона – мало стопанство со површина од 38 ha.

2. Зона индустрија
Во источниот дел од градот покрај патот за Виница располагаме со локација со површина од 47,5 ha.

3. м.в Керамидница „Агро берза“
Локацијата е урбанизирана површина со димензии од 25 ha. Просторот е наменет за изградба на откупен центар за земјоделски производи, објекти за примарна и финална обработка на земјоделски производи и цвеќиња.

На север од парцелите минува магистралниот пат, а до парцелите е топловодот со геотермална вода.

Локации за Инвестирање во Кочани:

1. Зона за лесна индустрија и мало стопанство

– Слободни локации

2. Зона индустрија (УЕ 11 блок целулоза)

– Слободни локации

3. м.в Керамидница

– Слободни локации