Врвен приоритет на Владата на Република Македонија е економскиот напредок на земјата. Министерството за надворешни работи и нејзините дипломатски претставништва, преку економска дипломатија, во секојдневното работење се фокусираат на:

  • претставување на Република Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции преку промоција на предностите на водење бизнис
  • активности за поттикнувањето на извозот на македонски производи со што се зајакнува позицијата на земјата како доверлив бизнис-партнер и дестинација.
  • активности за промовирање на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација и за зголемување на бројот на туристите што ја посетуваат земјата.

Во земјата работат голем број реномирани странски фирми, како што се: Johnson Controls, Johnson Mattey, Kromberg & Schubert, Kemet Corporation, Van Hool, Dräxlmaier.
Компаративните предности што ги нуди Република Македонија:
-Економична квалификувана работна сила;
-Пријателски настроена Влада кон странски инвестиции;
-Ниски трошоци за водење бизнис;
-Едношалтерски систем;
-Даночни поволности и субвенции;
-Добра инфраструктура
го прават опкружувањето поволно за основање и водење бизнис.